Јужна Кореја и САД спроведуваат комбинирани противподморнички вежби во Источното Море

Сподели со своите пријатели

Јужна Кореја и САД спроведуваат комбинирани противподморнички вежни и специјални операции во Источното Море за да ја задржат подготвеноста против заканите од Северна Кореја, соопшти денеска јужнокорејската војска.

Loading...

Четиридневната вежба започна во понеделникот, а во неа учествуваат десетина јужнокорејски воени бродови, соопшти војската, пренесува Јонхап.

Во вежбите учествуваат јужнокорејски поморски патролни авиони П-3, борбени авиони Ф-15К и ФА-50, како и американски напаѓачки авиони А-10 и други средства, се вели во соопштението.

За време на вежбата војниците, меѓу другото, ќе вежбаат потрага по и уништување на непријателски подморници, како и реагирање на обидите за амфибија за слетување на непријателските сили за специјални операции, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп му предложи на канадскиот премиер да станат 51-ва сојузна држава на САД