Војската на Јужна Кореја соопшти дека нејзините борбени авиони биле ставени во состојба на готовност откако денеска откриле околу 180 севернокорејски воени авиони кои летаат северно од воената граница повеќе од четири часа.
Севернокорејскиот авион летал северно од таканаречената линија за тактички мерки, извлечена на 20 километри северно од воената демаркациона линија, се вели во соопштението на јужнокорејската војска.
Се прецизира дека Јужна Кореја одговорила со 80 борбени авиони, меѓу кои и „невидливи“ ловци Ф-35А.
Околу 240 авиони кои учествуваат во воздушните вежби со САД продолжуваат со маневрите, соопшти армијата, пренесува Танјуг.
Маневрите на Сеул и Вашингтон продолжија откако Северна Кореја истрела повеќе од 80 артилериски гранати во морето во текот на ноќта и лансираше повеќе проектили во четвртокот, вклучително и можна неуспешна интерконтинентална балистичка ракета, според Ројтерс.
Овие лансирања беа причина САД и Јужна Кореја да ги продолжат заедничките воздушни вежби кои наидоа на остри протести од Пјонгјанг.
Сите информации поврзани со најновите случувања во Северна Кореја можете да ги прочитате ТУКА.