Јутубер помина 86 минути во „најтивката соба“ во светот: Своето хорор искуство го сподели јавно (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Медиумите претходно пишуваа за „најтивката соба“ на компанијата Мајкрософт во Редмонд, како и за луѓето кои се осмелиле да поминуваат време во неа.

Loading...

Ваквата соба звучи како блаженство за поединци кои бараат мир и тишина.

Таканаречените анехоични комори постојат на повеќе локации низ светот, како онаа во лабораторијата Орфилд во Минесота, која влезе во Гинисовата книга на рекорди.

Слична просторија постои и на Универзитетот Саут Банк во Лондон, а на посетителите им се препорачува да не поминуваат повеќе од 45 минути во неа.

– Ги предизвикуваме посетителите да поминуваат време во комората, во темница. Но, ве предупредуваме. Колку е потивка собата, толку повеќе работи ќе слушате. Како функционираат вашето срце, понекогаш и белите дробови – изјави дизајнерот Стивен Орфилд.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неверојатна куќа во карпа изградена пред 100 години (ВИДЕО)

Пред осум години, репортерот на UNILAD постави рекорд во „најтивката соба“, каде што помина 67 минути, а оттогаш многу предизвикувачи сакаат да ги тестираат своите граници.

Меѓу нив е и Јутјуберот Калукс кој го опишал својот престој во комората и правилата кои морал да ги следи.

По обиколката на лабораторијата, момчето остана сам во комората и не помина долго време кога работите станаа чудни.

Loading...

По пет минути почнал да се чувствува дезориентиран бидејќи имал силно зуење во ушите.

Поминаа уште 10 минути и Калукс пријави дека видел светла како „танцуваат“ во собата. По 30 минути го слушнал звукот на сопствената крв.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зошто има многу раси кучиња, а малку раси мачки? (ВИДЕО)

Кога поминале 60 минути, младиот човек за малку ќе се откажал, бидејќи пријавил дека има халуцинации. Сепак, тој издржа и постави нов рекорд – 86 минути.

На прашањето како ќе го опише своето време во комората, тој накратко рече: „Беше чудно“.

ПРАВИЛА ЗА ПРЕСТОЈ ВО „НАЈТИВКАТА СОБА“:

– Предизвикувачот мора да биде сам во собата

– Спиењето не е дозволено.

– Предизвикувачот мора постојано да биде под надзор.

– Звукот мора да остане под 25 децибели.

Loading...

– На предизвикувачот му е дозволено да зборува до една минута (на секои пет минути).

– На предизвикувачот му е дозволено да ја напушти просторијата во секое време.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зошто полициското комбе се нарекува и марица? (ВИДЕО)