ЈУРИЈ Е ОЧАЕН: Неговата партнерка, гумена кукла, е на поправка (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Казахстанецот Јуриј Толочко започна да живее во необична заедница со куклата Марго минатиот ноември, откако рече дека се заљубил кога ја забележал во ноќен клуб.

Loading...

Но, тој морал да ја испрати на поправка пред Божиќ, бидејќи таа се расипала.

Во меѓувреме, Јури Толочко редовно се рекламира на Инстаграм, каде има 99.000 следбеници.

Тој тврди дека „не може да издржи додека неговата Марго е „во болница“.

Јуриј го најави почетокот на својот живот со куклата на свечена церемонија на која присуствуваа бројни гости во ноември.

Парот требаше да се венча во март 2020 година (иако не е јасно според која постапка и закон), но пандемијата ги уништила плановите.

Loading...

Церемонијата дополнително беше одложена, бидејќи парот бил нападнат за време на собирот на трансродови луѓе во казахстанскиот град Алмати на 31 октомври.

Сепак, бодибилдерот и куклата сè уште „живеат“ заедно.

Опишувајќи ја нивната „врска“, Јуриј рече: „Општо, почнав да љубоморам на Марго. Многу мажи би ја сакале и решив помалку да им ја покажувам на луѓето. Можеби сум себичен, но убавината е во тоа што можам да правам што сакам, и Марго никогаш нема да има ништо против “.

Во врска со моменталната поправка, Јуриј додава: „Таа е скршена. Сега е под поправка. Таа е во друг град. Кога ќе се опорави, тоа ќе биде подарок за двајцата “.

Leave a Reply