Јункер: ЕУ не треба лесно да ѝ дава ветувања на Украина

Сподели со своите пријатели

Поранешниот претседател на Европската комисија, Жан-Клод Јункер изјави дека на Украина треба да ѝ се даде перспектива за членство во Европската унија, но и предупреди дека е скептичен кога се во прашање роковите и дека Брисел не треба да ветува нешто што не може да го исполни.

Loading...

„Целосно се согласувам дека треба да има перспектива за членство на Украина. Но, јас сум против давање ветувања кои не можат да се исполнат во рокот што Украина го сака. Ова би резултирало таа земја повторно да биде разочарана и да и сврти грб на ЕУ“, рече Јункер за денешен „Ноје цирхер цајтунг“ (НЗ).

Јункер рече дека одлуката позитивно да се одговори на барањето на Украина за преговори е правилна.

„Но, сите учесници треба да знаат дека има предуслови што треба да се исполнат, за да не внесуваме непотребни проблеми во ЕУ“, рече Јункер, кој пред да биде избран за претседател на Комисијата во 2014 година, беше премиер на Луксембург речиси две децении.

Јункер потврди дека во пресрет на декемвриската одлука на Брисел за преговорите со Украина, тој во интервју рече дека поради распространетата корупција во општеството, Украина нема да биде подготвена за членство во ЕУ долго време.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  РУСИЈА: Осомничениот за експлозија на автомобилот признал дека соработувал со украинските служби

„Така реков. Па, без разлика дали е паметно или не. Но, корупцијата, според моите сознанија, е континуиран проблем во Украина“, рече Јункер.

Јункер рече и дека го организирал првиот самит ЕУ-Украина уште во септември 1997 година, кога Луксембург беше претседавач со Унијата.

„Тогаш, украинскиот премиер се обиде да ми даде плик со апликација за членство. Тоа беше Леонид Кучма, поранешен член на Комунистичката партија на СССР, со кого, инаку, многу добро се согласував. Не го прифатив ковертот“, рече Јункер.

Loading...

Тој појасни дека му изгледало „апсолутно прерано“ за земја која штотуку се одвоила од Советскиот Сојуз и се уште се барала себеси, а на ЕУ и било многу тешко да ги процени односите во нејзината внатрешна политика и речиси ништо не знаела за Украина.

„И тогаш бев против непромислени потези и сум и денес“, изјави Јункер, пренесува Бета.

Според него, споровите во европското земјоделство не се причина за забрана за влез на Украина во ЕУ, но треба да се знае дека тоа би создало „цел конгломерат политички, економски и технички проблеми“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хакерска група објави податоци за повеќе од 3.200 странски платеници

Според него, би било вредно да се размислува за некаква делумна интеграција и постепено зближување, „некаков вид квази-членство за Украина“.

„Тоа секако би било пореално од полноправно членство во следните три до пет години“, рече Јункер.

Јункер оцени дека во ЕУ и денеска постои одредено недоразбирање на Западна Европа за состојбата на умот на Источна и Централна Европа.

Оценувајќи дека ова во голема мера е резултат на Студената војна и поделбата на блокот, тој призна дека никогаш не ги сфатил доволно сериозно претходните предупредувања од Полска, Чешка и Унгарија дека Русија може да се претвори од зборови на акција.

„Никогаш не го сметав тоа за реална хипотеза. Напротив, ние сепак настапувавме како учители одозгора. Од друга страна, признавам дека имав тешки односи со некои европски влади кога почна бегалската криза. Затоа што не го разбрав нивното одбивање да примат бегалци. Тоа беше спротивно на моето разбирање за европската солидарност“, рече Јункер.

Loading...

„Доаѓам од Луксембург, каде 49 отсто од населението не се Луксембурзи. На мала територија. Да имаше 49% странци во Франција, госпоѓата (Марин) Ле Пен одамна ќе беше претседателка. Малите народи се попаметни“, рече Јункер, но додаде и дека Луксембург не може да биде пример за светот и дека е неопходно да се регулира миграцијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЕУ доби прво барање да одобри продажба на месо одгледувано во лабораторија

„Повеќето европски граѓани не се априори против имиграцијата. Тие само сакаат да почувствуваат дека државата ги има работите под контрола“, рече Јункер.

Признавајќи дека со загриженост гледа на прогнозите дека, исто така, поради миграциските проблеми, ќе има промена во корист на десницата на европските избори во јуни, Јункер рече дека опасноста што ја претставуваат радикалните сили за внатрешното единство на Европската унија е потценет.

„За нас западноевропејците е големо изненадување што екстремната десница стана толку силна во една либерална Холандија, но и во Скандинавија. Во тоа прочитав одвраќање од ЕУ. Но, исто така, се пропушти дека се разговара за контроверзите на Европа во тие земји. Протестите на фармерите се само симптом на недостиг на слушање на сопствената јавност“, рече Јункер.

Сепак, рече дека не е загрижен за европскиот проект.

„Европската унија ја избриша вечната европска дилема меѓу војна и мир. Благодарение на милиони лични семејни приказни, луѓето знаат што е Европа, ако не е обединета во мир“, рече Јункер.