ЈП „Водовод“ со добивка од 600 илјади денари ја заврши 2015-та година (видео)

Сподели со своите пријатели

Позитивна оценка од страна на локалната власт и опозиција денеска доби менаџерскиот тим на Јавното претпријатие „Водовод“, предводен од директорот Горан Стојковски, за текот на изминатата година.

Како што истакна Драган Петковски координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, за прв пат овој состав на Советот на Општина Куманово разгледува позитивен извештај за работењето на оваа јавно претрпијатие.

Овој зивештај потврди дека сите наши тврдења во текот на изминатите години се точни. Нашето тврдење беше дека ова претпријатие може да работи со позитива. Дека цените на сурова вода и онаа преработена вода што ја пијат граѓаните дека претпријатието има простор за позитивно работење. Тоа дека претпријатието работи негативно е резулатт на лошо менаџирање на менаџерскиот тим на претпријатието и локалната власт. Цената на суровата вода во 2015 година не се промени, централната власт не ја промени политика кон Куманово и ЈП „Водовод“ за да се промени ситуацијата, а оваа година се покажуваат некои промени со кои нашите тврдења излегуваат точни – изјави Петковски.

Loading...

 

Со домаќинско работење и максимално вложен труд, како што вели Горан Стојковски, директорот на ЈП „Водовод“, претприајтието успешно ја заврши 2015-та година и тоа со позитива од 600 илјади денари.

Бидејќи подолго време и градоначалникот на Општина Куманово и од јавното претпријатие наидуваме на некоректен и навистина нелогичен однос на јавните претпријатија Водостопанство кои не одговараа, очигледно е дека Владата на Република Македонија интервенираше ги укина овие претпоријатија, формирано е АД „Водостопанство“ кое фуинкционира на државно ниво, кое што веднаш влезе во еден проект преку европските фондови при што е утврден нов Закон за цена на вода и бизнис планот за цена на вода и конечно тоа ќе важи и за „Водостопанство“ – вели директорот Стојковски.

 

Инаку според извештајот на ЈП „Водовод“ во текот на изминатата година се забележуваат зголемени трошоци и тоа во однос на плаќање на струја поради 24-часовната работа на пумпите за вода кај Митев мост и населбата Бедиње за да се надокнади недостатокот на вода за домаќинствата во градот, поради намалениот дотур од ЈП „Кумановско-липковско поле“.

Загубата на водата изнесува 23-56% и истата ќе се регулира со замена на водомери и протокомери, но и натаму останува долгот од 65 милиони евра кон ЕВН кој ќе се подмирува на 100 рати без на истите да се пресметува камата.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.