ЈП „Водовод“ отвори Центар за грижа на корисници (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Генералниот директор на ЈП „Водовод“, Горан Стојковски, градоначалникот на општина Куманово и претставник од швајцарската амбасада за подршка на обнова и развој Франк Видер Кехер денеска го пуштија во употреба Центарот за грижа на корисници на ЈП „Водовод“.

Loading...

 

[huge_it_gallery id=”205″]

 

Целта на овој Центар за грижа на корисници е на едно место корисниците на водоснабдителните услови на оваа претпријатие на едно место да можат да ги завршат сите активности поврзани со ЈП „Водовод“.

Горан Стојковски, генералниот директор на ЈП „Водовод“ вели дека со помошта од швајцарската абасада и локалната самоуправа успеале да ги реновираат овие простории и од сега граѓаните да бидат нивниот центар на внимание. Тој додаде дека на овој проект најпривн работеле консултанти од швајцарската амбасада со чија помош загубите на претпријатието се намалени од 63,7% во 2010 година на околу 52%.

Со консултантите направивме пресметка и обуки и внатрешни иницијативи за изработка на овој центар. Гледајќи ја нашата ангажираност, ангажман и посветеност, швајцарската амбасада за обнова и развој издови средства за обнова на оваа просторија. Проектот го претставивме и кај градоначалникот на општина Куманово и добивме средства за граѓаните да можат да бидат во центар на вниманието и ова е за нивни потреби и сите активности кои ги имаат во вркса со ЈП „Водовод“да ги завршат на исто место и во исто време – изјави Стојковски.

 

Loading...

 

Претставникот на швајцарската амбасада за обнова и развој во Република Македонија, Франк Видер Кехер рече дека е импресиониран од резултатите на оваа меѓусебна соработка помеѓу амбасадата, општина Куманово и ЈП „Водовод“.

Ова е можност на сите граѓаните кои имаат било какви проблеми со водоснабдувањето или управувањето со отпадни води и преку ердношалтерскиот систем да ги решат сите свои проблеми. Од друга страна ова овозможува истовремено самото јавно претпријатие и општината да дадат подобри услигу на граѓаните. Навистина е убаво да се види ваква ситуација во која двете страни добиваат.

 

 

На отворањето присуствуваше и градоначалникот на општина Куманово, Зоран Дамјановски кој изјави дека ова не е прва соработка со швајцарската амбасада. Од претходната соработка функционира и Прочистителната станица за отпадни води која е отворена со помош на амабасадата.

Овој проект за намалување на загуби ќе ја ублажи и така тешката ситуација на оваа претпријатие затоа што знаеме дека 62% има загуба и благодарение на овој менаџерски тим кој изминатите две години упорно работи на естаблирање на проекти од итнерес на граѓаните на Куманово, така и овој Центар за грижа на корисцнити брзо ќе ги решава проблемите со загуби на води и детектирање на диви приклучоци – изјави Дамјановски, додавајќи дека секое претприајтие од ваков тип е многу важно за било кое општество, а жално е што поради политичките игри оваа претрпиајтие не може да функционира нормално изминатите години.

 

Loading...

 

Центарот за грижа на корисници ќе работи секој работен ден, а благодарение на финансиската помош од Амбасадата на Швајцарската конфедерација, како и општина Куманово.