ЈП Водовод го најави свеченото отворање на Центарот за односи со јавноста

Сподели со своите пријатели

Јавното претпријатие “Водовод” ја информира јавноста дека од 23 септември, во претпријатието започна да функционира Центар за односи со јавноста.

Loading...

Корисниците на услугите на ЈП ”Водовод” како што стои наведено веќе го користат Центарот за сите потреби како што е решавање на сите прашања за краток временски период, подмирување на заостанати сметки, потпишување на нови договори и решавање на сите технички прашања и проблеми.

По тој повод, Јавното претпријатие ќе приреди свечено отворање на Центарот за односи со јавноста на 15 октомври со обраќање на генералниот директор во 11 часот,  обраќање на претставници од SECO, и затворање на свеченоста со обраќање на градоначалникот на општина Куманово.

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.