ЈП „Чистота и зеленило“ засади дрвја на повеќе локации во Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Кумановското јавно претпријатие „Чистота и зеленило“ засади зимзелени садници, грмушки и ползавци на повеќе локации во градот. Садниците се обезбедени од сопствениот расадник од село Доброшане.

Loading...

– Се водеше сметка за биодиверзитетот и се засадуваат садници кои се прилагодуваат на условите во урбаната средина. На Спомен костуницата е формиран нов боров насад и се засадени 750 садници од бел бор – изјави техничкиот директор во претпријатието, Цветанка Ивановска.

Последната недела се засадија 36 брези на различни локации, четири јавори, над 200 украсни грмушки и 50-тина зимзелени садници. Садниците се насадени долж булеварот „Октомвриска револуција“, улиците „Б.Б. Гуцман“, „11 Октомври“, во жардињерите на булеварите, на градскиот плоштад и на градскиот кеј.

Во пролетниот период, се планира да се засадат 450 листопандици садници јавор, бреза, јасен, врба, 800 зимзелени садници, 650 украсни грмушки, 80 ползавци и околу 10.000 сандаци бел бор на неколку клучни локалитети на Спомен Костурница, Багрем Бања, и на падината под градските гробишта.

Loading...


Leave a Reply