ЈП „Чистота и зеленило“ ќе добие три нови камиони за смет

Сподели со своите пријатели

Три нови камиони за смет ќе добие Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ во текот на наредниот месец, а нов веќе денес е пристигнат благодарение на донацијата преку УНДП и истиот ќе биде ставен во функција.

На сеницата на Советот на Општина Куманово, првиот човек на локалната опозиција, Драган Петковски упати критика дека сметот не се изнесува редовно и за тоа бараше образложение од директорот Сашо Петрушевски и градоначалникот Зоран Дамјановски.

Денес добивме нов камион, два се веќе во набавка во вредност од 450-500 илјади евра и на некој начин успеавме да го пребродиме проблемот со дефектот на камионот. За 10-15 дена со три нови камиони ќе биде подобро – вели градоначалникот Дамјановски.

Нередовното зинесување на сметот се должи на дефект на вкупно 9 камиони на јавното претпријатие, но директорот Петрушевски истакна дека тој проблем е отсранет и сега сите се ставени во функција.

Се враќаме на стариот режим на работа. Денес добивме нов камион кој ќе оди во помалите улици со што ќе се подобри ефикасноста. Околу 650-700 илјади евра од донации за опрема ќе имаме во следниот период. Правиме проекти со јапонска фирма, да ни донираат една до две цистерни, бидејќи ние не сме во финансиска можност сами да ги набавиме – рече Петрушевски.

Инаку во следниот период се очекува да бидат поставени и садовите за селективен отпад донирани од страна на компанијата „Пакомак“. Според Петрушевски тие веќе се доставени во депото на претпријатието и се очекува со добивање дозвола од страна на ресорното министерство истите да бидат поставени во централното градско подрачје.