Јовановиќ: Образованието е една од најважните алки во општеството, во следниот мандат имаме сериозен план за да го развиеме

Сподели со своите пријатели

Кандидатот за советник во Советот на општина Куманово Александар Јовановиќ, денеска одржа прес-конференција на која ги најави проектите кои ќе бидат реализирани по победата граѓанската иницијатива на локалните избори во Куманово.

Loading...

„Образованието е една од најважните алки во општеството, кое ни отвора можности и потенцијали за развој и промена. Во изминатите 4 години реализиравме над 160 проекти и активности кои се однесуваат на подобрување на условите во општинските училишта. Како граѓанска иницијатива „За наше Куманово“ во следниот мандат имаме сериозен план со значајни проекти кои ќе придонесат за подобрување на условите за образование во училиштата. Ќе продолжиме со гасификацијата и со вложување во енергетската ефикасност на општинските училишта. Ќе ги прошириме капацитетите на основните училишта: ООУ „Наим Фрашери”, ООУ „Бајрам Шабани” и ООУ „Кочо Рацин”. Ќе изградиме нов средношколски центар за учениците од паралелките во СОУ Гимназија “Сами Фрашери” и паралелките од ОСТУ “Наце Буѓони”. Ќе го реконструираме подрачното училиште ООУ „Браќа  Mиладиновци“ во село Пчиња и ќе изградиме нов спортски терен. Реконструирани ќе бидат училишните фасади во ООУ “Толи Зордумис“, во централниот објект на ООУ “11 Октомври“, во ООУ “Христијан Карпош, и во ООУ „Вук Караџиќ“, рече Јовановиќ.

На прес-конференцијата, тој информираше дека се планира и целосна реконструкција на ООУ ”Карпош“, во с. Умин Дол и ООУ “Карпош“, во с. Љубодраг.

„Се планира и реконструкција на СОУ “Перо Наков“, која опфаќа замена на столарија, термо изолација на фасада и адаптација на тоалети, реконструкција на училници, ограден ѕид на училишен двор, партерно уредување и поставување на систем за греење на спортска“, истакна Јовановиќ.

Дополнително, во програмата предвидено е: – Реконструкција на училишната фасада во ООУ “Браќа Рибар“, с. Табановце, поставување на пристапна рампа и адаптирање на тоалети за ученици со попреченост. – Реконструкција на ООУ “11 Октомври“, подрачно училиште с. Речица. – Инсталирање на систем за греење во ООУ “Вера Которка“- с. Клечовце и изградба на нов спортски терен. – Реконструкција на кров на ООУ “Кочо Рацин” во с. Орашац и замена на столарија и нова фасада. – Реконструкција на санитарии и замена на кровна покривка во ООУ “Битолски Конгрес” во село Лопате. – Замена на прозорци во ООУ “Магдалена Антова“. – Замена на дел од кровна покривка во ООУ “Кирил и Методиј“, с. Романовце, реконструкција на подрачното училиште во Агино село и изградба на нови современи спортски терени во двете училишта. – Реконструкција на училишната спортска сала во ООУ “Крсте Мисирков” иООУ “Браќа Миладиновци” и нов модерен спортски терен во училишниот двор. – Реконструкција на ООУ “11 Октомври“, подрачно училиште во Долно Којнаре. – Реконструкција на кровот и санација на ѕидовите во ООУ “Браќа Миладиновци.

Јовановиќ додаде дека дополнително ќе бидат доопремени училиштата со смарт табли, дигитална опрема и нагледни средства за поквалитетна настава и ќе ги уредиме училишните дворови по примерот на ОСТУ Наце Буѓони.

„Почитувани сограѓани, на нашите млади потребно им е квалитетно образование за целосно искористување на своите квалитети и потенцијали.
Развојот во секторот образование е реален со нашата граѓанска иницијатива „За наше Куманово“. Иницијатива на вредни и професионални личности. На 17-ти октомври поддржете не и гласајте за унапредување на образование, за поквалитетна општина. За наше Куманово!“, изјави Јовановиќ.