Американската министерка за финансии Џенет Јелен предвидува значително намалување на инфлацијата во САД во 2023 година, без неочекуван шок.
– Мислам дека ќе забележите многу помала инфлација до крајот на следната година, ако нема некој неочекуван шок, рече Јелен во интервју за ТВ станицата CBS објавено во неделата, според Ројтерс.
На прашањето колку е веројатно САД да влезат во рецесија поради зголемувањето на каматните стапки, таа одговори:
„Постои ризик од рецесија. Но, тоа секако не е, според мене, нешто што е неопходно за да се намали инфлацијата. .
Изјавата на Јелен доаѓа неколку дена пред состанокот на Федералните резерви (ФЕД), каде се очекува дека американската централна банка ќе го забави агресивното зголемување на каматните стапки што ги спроведува оваа година.
Претседателот на ФЕД, Џером Пауел, навести помало зголемување на референтната стапка, која изнесува половина процентен поен до опсег од 4,25-4,5 отсто, по четири зголемувања од 75 базични поени во 2022 година.
Јелен рече дека економскиот раст на САД значително забавува, дека инфлацијата стивнува и дека се надева дека пазарот на трудот ќе остане здрав.
Таа додаде дека се надева дека скокот на инфлацијата забележан оваа година ќе биде краткотраен и дека американската влада научила многу лекции за потребата да се спречи растот на цените што не е забележан од 1970-тите.
– Трошоците за испорака се намалени, а долгите доцнења во испораката се намалени, а цените на бензините на пумпите се значително пониски. Мислам дека во наредната година ќе забележиме значително намалување на инфлацијата, заклучи Џенет Јелен.
Сите информации за економско-енергетската криза во Македонија, регионот и светот можете да ги прочитате ТУКА.