Јавен повик за невработените во Куманово за проектот „Инклузивна училница“ (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово преку Секторот за култура, спорт, социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита објави јавен повик за сите невработени лица да аплицираат за вклучување во Програмата „Општинско – корисна работа” на проектот „Инклузивна училница”.

Loading...

– Преку проектот ќе бидат овозможени две услуги на граѓаните, услугата образовна асистенција на ученици со попреченост кои се вклучени во редовно средно образование и услугата лична асистенција на ученици со физичка попреченост кои исто така се дел од инклузивното средно образование, потенцираше Александр Крстевски, раководител на секторот.

 

 

Програмата е финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување, а кофинансирана од страна на локалната самоуправа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен кумановец при обид за шверц на дрва во Липково

– За потребите на овој проект ќе бидат ангажирани вкупно 15 невработени лица, од кои 13 ќе бидат образовни асистенти и двајца ќе бидат лични асистенти, во четирите средни училишта Гимназијата „Гоце Делчев“, „Перо Наков“, „Киро Бурназ“ и „Наце Буѓони“. За таа цел денеска го објавуваме јавниот повик за евидентирање на невработените лица за вклучување во програмата на проектот „Инклузивна училница“, потенцираше Крстевски.

Тој ги повика сите заинтересирани што ги исполнуваат условите да пополнат пријава во Центарот за вработување во Куманово.

Loading...

Вкупниот период на вклученост на невработените лица преку Програмата изнесува 9 месеци, во кој влегува обуката и работниот ангажман со скратено работно време од 20 работни часа неделно.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Колкава беше излезноста во Старо Нагоричане до 18:30 часот?

Подетални информации заинтересираните може да добијат во Општина Куманово, Центарот за вработување или Центарот за социјална работа.

Никола Ивановски