Јавен повик за најголемиот донаторски настан во Куманово – „Сите сити“

Сподели со своите пријатели

Општинската организација на Црвен крст Куманово и здружението „Инклузива“ од Куманово заеднички се вклучија во поддршка на граѓанската иницијатива „Ајде Македонија“ под мото „Сите сити“, а со цел да се нахранат 10.000 социјално загрозени семејства во Република Македонија.

Акцијата е планирана да се одржи на 6.септември пред маркетите „Тинекс“ (на градскиот плоштад“ и „Елида” (кај Стопанска банка), кои како партнери исто така со своја подршка се вклучуваат во оваа заедничка граќанска иницијатива.

На акцијата граѓаните и фирмите ќе имаат можност да донираат конзервирана храна на однапред утврдени пунктови пред маркетите, а подоцна истата ќе се дистрибуира до најзагрозените семејства.

Leave a Reply