Јапонскиот цар ги извести боговите дека абдицирал

Сподели со своите пријатели

Јапонскиот цар Акихито се молел во светилиштето и така ритуално ги известил шинтоистичките богови за својата скора абдикација.

Loading...

Акихито (85) ќе замине од престолот на 30 април со што ќе биде прва абдикација на некој јапонски цар во последните два века. И претходно царската абдикација била ретка појава во историјата на Јапонија.

Престолонаследникот, принцот Нарухито, на престолот ќе седне на 1ви мај.

Ритуалот „Шинецу но Ги“, Акихито го извел во рамките на процедурата за наследување во храмот Исе на западот од Јапонија.

Царот влегол во храмот, а претставници на царската палата носеле две царски богатства, меч и скапоцености. Третото богатство, огледалото, погребано е во храмот. Даровите со царот патувале од палатата во Токио. Тие три предмети ќе бидат предадени на Нарухито по прогласувањето за цар.

На церомонијата присуствувала и неговата ќерка Сајако Курода, провсвештеничка во храмот Исе.

Исе бил центар за обожавање на јапонските цареви и натаму привлекува политички и бизнис лидери.

Некогаш се верувало дека јапонските цареви се директни потомци на божицата на сонцето Аматерасу, која престојува во храмот Исе и која се наоѓа на чело на „јаојорозу“, односно, по шинтоистичката религија, осум милиони богови за сите предмети. Ритуалите во Исе ги изведува царското семејство, а царот бил првосвештеник се до 1945 година, до кога шинто била државна религија, а царот се сметал за бог.

Loading...

Шинто, религија стара можеби колку и Јапонија, претставува богата мешавина на народни преданија, обожавања на природата и јапонската нација.

Фото: Пиксабеј

Leave a Reply