Јапонскиот министер задолжен за Олимписки игри во Токио 2020 година, Јошитака Сакурада, се најде на удар поради триминутно доцнење, поради што јавно се извини.
Сакаруда задоцнил на состанок во собранието, па морал да се извини трет пат за три години.
Опозицијата доцнењето го опишала како знак на непочитување кон функцијата која ја извршува и потоа го бојкотирала состанокот на буџетската комисија, пренесува ВВС.
Минатата недела изјавил дека се чуствува изневерено бидејќи талентиратана јапонска пливачка соопштила дека има леукемија.
– Таа е потенцијал освојувач на златни медали на игрите, спортистка од која имаме многу очекувања. Навистина сум разочаран, рекол Сакурада.
Неколку дена подоцна се извинил под притисок на јавноста.
Пред три години Сакурада жените во текот на Втората светска војна кои биле присилени да пружаат сексуални услуги на јапонските војници ги нарекол „професионални проститутки“.
Сакурада, инаку, ја извршува функцијата министер за безбедност, а минатата година изјавил дека никогаш не користел компјутер и дека му е драго што секогаш го префрлал тој дел од работата на соработниците.
Јапонската опозиција во повеќе наврати барала да си поднесе оставка.
Во истражување кое го спровело весникот Асаји Шинбун, дури 65 отсто од испитаниците рекле дека овој министер не работи добро, а 13 отсто се задоволни од досега сработеното, пренесува ВВС.