Јапонската економија ги надмина очекувањата: Во првите три месеци порасна за 0,7 отсто

Сподели со своите пријатели

Јапонската економија порасна за 0,7 отсто во првиот квартал во однос на последниот квартал од 2022 година, соопшти денеска владината агенција на Јапонија – Кабинетот.

Loading...

Според првичните, прелиминарни проценки, експертите сметале дека кварталниот раст на јапонската економија ќе биде поголем за 0,4 отсто, па конечниот резултат е подобар од очекуваниот.

Приватната потрошувачка е зголемена на квартално ниво за 0,5 отсто, како и потрошувачката на капитал – за 1,4 отсто, а потрошувачката на државата за 0,1 отсто.

Трговското салдо на Јапонија беше негативно во првиот квартал, бидејќи извозот падна за 4,2 отсто на квартално ниво – повеќе од извозот, кој падна за 2,3 отсто.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Акциите на Tesla паднаа на најниско ниво во последните 15 месеци

Јапонскиот БДП лани порасна за 1,1 отсто, што значи дека економскиот раст забави во однос на 2021 година кога беше 2,1 отсто.