Јапонската економија благо закрепна во вториот квартал

Сподели со своите пријатели

Бруто домашниот производ (БДП) на Јапонија благо закрепна во вториот квартал, поддржан од посилното трошење на компаниите и граѓаните, покажаа владините податоци.

Loading...

Од април до јуни, сезонски прилагодениот БДП порасна за 0,5 отсто во споредба со претходните три месеци кога, според ревидираните податоци, падна за 0,1 отсто, објави владата во понеделникот.

Годишната стапка на раст, која покажува колку би пораснал БДП доколку растеше со истата стапка како во последните три месеци во секој квартал пред една година, изнесуваше 2,2 отсто.

Во првиот квартал е забележан пад на активноста за 0,5 отсто.

Потрошувачката на компаниите е зголемена во пролетниот квартал за 1,4 отсто во однос на претходните три месеци кога е намалена за 0,7 отсто.

Личната потрошувачка е зголемена за 1,1 отсто во однос на периодот од јануари до март, кога е зголемена за само 0,1 отсто.

Сите информации за економско-енергетската криза во светот можете да ги прочитате ТУКА.