Јапонија за прв пат има над 500 нови случаи за еден ден

Сподели со своите пријатели

Јапонија го забележа првиот ден со повеќе од 500 нови случаи на инфекција со коронавирусот.

Тамошниот министер за здравство објави дека Јапонија за прв пат во средата има 500 заразени за време на еден ден, со што вкупниот број заразени во Јапонија го зголеми на 4.768, не вклучувајќи го и крузерот во карантин во близина на Токио.

Loading...

Кина со нови мерки, во страв епидемијата да се врати

Премиерот Шинзо Абе неодамна прогласи вонредна состојба во Токио и шест други јапонски центри со кои ги повикува луѓето да ја намалат социјалната интеракција за дури 70 проценти.

Но, голем број на луѓе биле видени како патуваат до нивните канцеларии во четвртокот наутро, најмногу поради фактот дека голем број јапонски компании не дозволуваат луѓето да работат од дома или тоа го прават многу мал дел од нив.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *