Јапонија со рекорден буџет за борбени авиони и ракети

Сподели со своите пријатели

Владата на јапонскиот премиер Јошихиде Суга го одобри деветтото последователно зголемување за трошоците за војската, со цел да се финансира развојот на напреден борбен авион со „стелт“ технологија, како и антибродска ракета со долг дострел, за да одговори на воената моќ на Кина.

Loading...

Јапонското Министерство за одбрана ќе добие рекордни 51,7 милијарди долари за годинава, почнувајќи од април, што е 1,1 процент повеќе од оваа година, пренесува Ал Џезира.

Суга има мнозинска поддршка во Парламентот и промената на буџетот на овој начин е сигурна.

Јапонскиот Генералштаб денеска на Твитер објави дека авионот бил подигнат на 18 декември, како одговор на сомнителниот упад во јапонскиот воздушен простор над Јапонското Море, каде се граничи со Корејскиот полуостров и Русија и над Охотското Море, каде Русија е сосед.

Планираниот млазен авион, прв во последните три децении, треба да чини 40 милијарди долари и да биде готов во 2030-тите.

Проектот, предводен од „Мицубиши Хеви Индустри“ (Mitsubishi Heavy Industries), со помош на американската фирма „Локид Мартин“ (Lockheed Martin), од новиот буџет доби 706 милиони долари.

Јапонија ќе одвои 323 милиони долари за да започне развој на антибродска ракета со долг дострел, со цел да го одбрани ланецот острови Окинава на југозапад.

Војската ќе добие и 912 милиони долари за изградба на два компактни воени брода кои можат да работат со помалку морнари отколку конвенционалните разорувачи, намалувајќи го притисокот врз морнарицата, која има проблеми со наоѓање регрути кај се постарата популација.

Loading...

Јапонија исто така планира да обезбеди два нови воени брода кои ќе бидат опремени со моќни радарски системи „Егис“ за одбрана од воздушни и балистички напади.

Пандорка Арсовска-Гацова


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *