Јапонија: Можно олеснување на ковид мерките за влез во државата

Сподели со своите пријатели

Јапонија може да ја прекине обврската за поднесување негативен тест за Ковид за патниците и да го зголеми бројот на дневни влезови во земјата, објавија локалните медиуми, пренесува Ројтерс.

Loading...

Јапонија има некои од најстрогите гранични мерки за пандемијата меѓу големите економии, барајќи од патниците да покажат негативен тест за коронавирус не постар од 72 часа, според британската агенција.

Владата наскоро може да се откаже од таквото барање за вакцинирани патници, со промената која ќе стапи на сила за неколку недели, објави јапонскиот весник Никеи.

Дневниот лимит на дојдовни патници може да се зголеми од 20.000 на 50.000 веќе следниот месец, објави јапонската мрежа „Фуџи њуз“.

Главниот јапонски секретар на кабинетот Хироказу Мацуно одби да го прецизира времето на какво било олеснување на граничните контроли, велејќи дека тоа ќе зависи од ситуацијата со Ковид-19 во Јапонија и во странство, според Ројтерс.

Премиерот Фумио Кишида, кој моментално се опоравува од Ковид дома, откако беше позитивно тестиран во неделата, уште во мај рече дека владата сака да ги усогласи граничните мерки на Јапонија со оние на другите земји од Групата седум (Г7).