Јапонија испраќа 8К камери на Марс и неговите сателити

Сподели со своите пријатели

Резолуцијата од 8К е ретка и на Земјата, но тоа не ја спречува Јапонија да прави слики со ултра висока резолуција на друго место во Сончевиот систем, пишува Енгаџет.

Loading...

Јапонската агенција за воздушно истражување и NHK развиваат 4K и 8K камери (преку Параболниот лак) за испраќање на Марс и неговите природни сателити.

Целта е да се фотографираат пејзажи на Марс, Фобос и Деимос, за време на идната мисија Marian Moons Exploration (MMX).

 

 

Бидејќи станува збор за фотографии со висока резолуција, идејата е само некои од нив да бидат испратени на Земјата, додека оригиналите ќе се чуваат во повратна капсула.

Овие фотографии ќе помогнат и во контролирањето на модулот, бидејќи во комбинација со аналитичките податоци, тие ќе дадат многу подетална слика за движењето.

Loading...

Мисијата MMX е планирана за 2024 година и се очекува да слета на Марс во текот на 2025 година.

Ќе помине уште толку време пред капсулата со фотографии да се врати на Земјата.

Leave a Reply