Јапонија ги заостри корона мерките за патниците од Кина

Сподели со своите пријатели

Почнувајќи од недела, Јапонија ќе ги заостри граничните мерки против корона вирусот за патниците од Кина, изјави денеска премиерот Фумио Кишида.

Loading...

Како што наведе, дополнителните мерки ќе бараат негативни тестови од патниците кои пристигнуваат од Кина пред да се качат на директните летови, со што ќе се зајакнат мерките донесени на 30 декември, пренесе Ројтерс.

Кишида на новогодишната прес-конференција рече дека Јапонија ќе продолжи да бара од авиокомпаниите да ги ограничат дополнителните летови од Кина.

– Неопходните ограничувања се уште се на сила, бидејќи ги преземаме сите можни мерки за спречување на инфекции – додаде тој.

Кишида рече дека одлуката следи по резултатите од тестовите за корона вирусот на патници од Кина во последните денови и слични мерки од други земји.

Според податоците на јапонското Министерство за здравство, 53 од 56 меѓународни патници кои биле позитивни на коронавирус при пристигнувањето на аеродромите во вторникот биле од Кина.

Кинеското Министерство за надворешни работи вчера објави дека ќе воведе одмазднички мерки засновани на принципот на реципроцитет за оние земји кои бараат патниците кои доаѓаат од Кина да бидат тестирани за корона вирусот.