Јапонец уапсен во Кина поради шпионирање

Сподели со своите пријатели

Јапонец уапсен во Кина, чие ослободување го бара Токио, е осомничен за шпионажа, објави во понеделник кинеската влада.

Loading...

„Јапонскиот државјанин е осомничен за вмешаност во шпионски активности, прекршувајќи го Кривичниот закон и Законот за антишпионажа на Народна Република Кина“, изјави Мао Нинг, портпаролка на кинеското Министерство за надворешни работи.

„Кинеските власти презедоа присилни мерки против тоа лице со цел да покренат истрага“, додаде портпаролката на редовниот брифинг со новинарите.

Во меѓувреме, Токио побара ослободување на јапонскиот државјанин „што е можно поскоро“.

Јапонскиот амбасадор во Кина „беше информиран овој месец за апсењето на Јапонец меѓу 50 и 60 години во Пекинг поради кршење на кинеските закони“, изјави портпаролот на јапонската влада Хироказу Мацуно.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вештачката интелигенција се заканува на осум милиони работни места во Британија

Тој додаде дека станува збор за човек кој е вработен во јапонската фармацевтска компанија Астелас.

Јапонските медиуми јавуваат дека оваа личност работи во Кина веќе две децении.

Јапонската новинска агенција Кјодо пишува дека тој е поранешен висок функционер на Јапонската трговска и индустриска комора во Кина и дека е уапсен пред да се врати во Јапонија.

Loading...

Кинеската страна потсетува дека странските граѓани во Кина, како земја во која владее правото, мора да ги почитуваат домашните закони.

Портпаролката Мао Нинг посочува дека во последните години се редат вакви случаи во кои се инволвирани јапонски државјани.

„Јапонија ќе биде подобро да ги дисциплинира своите граѓани“, рече портпаролката.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Џакарта повеќе нема да биде главен град на Индонезија