Јапонците воведуваат закон за кој сите можат само да сонуваат

Сподели со своите пријатели

Додека голем број наши работници, како и други во светот, буквално сонуваат да можат да си спијат барем половина час на работа, наскоро тоа станува обврска за јапонските работници.

Loading...

Поточно, јапонските работодавци одлучија дека спиењето на работното место станува дел од работните одговорности на секој вработен.

Јапонците стопија 80.000 тони електроника и ги направија сите медали за Олимписките игри

Не значи дека на вработениот ќе му се дадат неколку минути да ги затвори очите пред неговиот компјутер, туку ќе му биде обезбедена просторија за спиење.

Тие одлучија да го сторат тоа, откако новата студија откри дека дремките на вработените, кои потоа влијаат врз ефикасноста на работата, ги чинат јапонските компании дури 138 милијарди долари годишно.

Затоа, предлогот на работодавачите и јапонското Министерство за здравство е да му дадат на вработениот најмалку половина час да спие во раните попладневни часови.

Јапонците тажни поради слободни денови

Nextbeat, јапонска информатичка компанија, веднаш го прифати овој тренд и веднаш воспостави две, како што велат, „стратешки спални“ за своите вработени.

Loading...

Собите се опремени со бариери за бучава, кревети и софи, а строго забрането внесување мобилни телефони, таблети и лаптопи.

Leave a Reply