Јапонците тажни поради слободни денови

Сподели со своите пријатели

По повод одржувањето на абдикацијата на царот Акихита, Јапонците нема да работат од 27 април до 6 мај. Просечен Јапонец користи само десет слободни дена годишно, што е половина ов купниот број денови кои ги земаат за годишниот одмор.

Loading...

Настаноат за абдикација на царот Акихита, кого на престолот ќе го замени неговиот најстар син, Нарухито, не ги израдувал многу жителите на оваа земја, пишува Гардијан.

Многумина ќе одат на туристички патувања во странство, но работниците платени по час не се радуваат премногу.

Како што пишува Гардијан, не се радуваат ниту родителите вработени во услужниот сектор, затоа што се грижат што ќе прават со децата додека работат.

Во текот на 10 дена празници, на децата на располагање нема да им бидат вообичаената прошетка, продолжениот престој во улилиште или градинка.

Многумина едноставно немаат никаква идеја како да ги минат слободните денови.

– Искрено, не знам како да го минам времето сега кога одеднаш добивме 10 дена празници. Ако посакате да патување, секаде ќе биде преполно, а поскапеа и туристичките аранжмани. На крајот би можел да завршам кај родителите, вели Сеишу Сато, вработен во финансиска фирма.

Јапонскиот весник „Асахи“ спровеле анкета која покажала дека 45 отсто од анкетираните се чувствуваат несреќно кога се работи за долг одмор, додеак 35 отсто се чувствуваат среќно.

Loading...

Околу 60 отсто од Јапонците чувствуваат вина кога користат годишен одмор, а многумина велат дека тоа е поради шефовите кои на изостаноците од работа не гледаат со одобрување.

Leave a Reply