Јапонци во Париз на познат бизнисмен од рака му украле часовник вреден 800.000 евра

Сподели со своите пријатели

Јапонец останал без својот часовник во луксузна населба во Париз со проценета вредност од скоро 800.000 евра, соопштија полициски извори.

Loading...

30-годишниот јапонски бизнисмен останал без часовникот кога излегол да пуши пред луксузен хотел во понеделникот вечерта.

Еден човек му пристапил и побарал цигара, рекол еден од изворите, потврдувајќи ги информациите во парискиот весник.

Непознатиот маж потоа го фатил Јапонецот за рака, го украл часовникот и избегал.

Часовникот „Richard Mille“, модел „Tourbillon Diamond Twister“ на водичот за купување онлајн часовници се проценува на 768,000 евра.

Во бегство, крадецот го испуштил својот мобилен телефон.

Leave a Reply