Јакутск: Како се живее во најстудениот град во светот? (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Јакутск е најстуденото место на светот, но сепак луѓето таму живеат и на рекордно ниските температури.

Loading...

Многу луѓе често се жалат дека им е тешко да излезат од дома и дека мора добро да се облечат за да не смрзнуваат од студот.

Сепак, станува збор за температури кои се спуштат од пет до 10 степени под нулата. А можете ли да го замислите животот на -45 степени?

Толку е измерено во Јакутск, во Сибир, во најстудениот град на светот.

И тоа не е најниската температура, може да биде многу постудено.

Во Јакутск, во Сибир, просечната температура во јануари е -50°C. Најниската температура досега измерена во овој руски град била -71 степен. Поточно била измерена во селото Ојмјакон, кое се смета за најстудено место на земјата).

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русија започна со производство на мобилни засолништа за заштита од нуклеарни закани

Јануари е најстудениот месец во Јакутск, а жителите на градот преземаат дополнителни мерки на претпазливост за да се заштитат.

Сепак, воздухот е доволно ладен за да ја отрпне кожата, поради што смрзнатините  се постојана опасност за населението.

Loading...

Како живеат луѓето во Јакутск?

Како луѓето воопшто го преживуваат тој студ? Имено, нивните домови се добро изолирани.

Опремени се со специјални системи за греење, а облеката која штити од студ станала незаменлив дел од нивниот живот.

За да се заштитат од студот, жителите на Јакутск имаат не само една, туку честопати и три излезни врати од зградата, како и теписи на надворешните скали бидејќи улиците се замрзнати и лизгави.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Парагвајскиот претседател хоспитализиран за време на учеството на самитот на Г20

Во селото Ојмјакон, на пример, живеат без канализација, со оглед на тоа што цевките мрзнат, па тоалетите најчесто се наоѓаат надвор од куќите.

Замрзнуваат и мобилните телефони, а оние кои немаат загреани гаражи не ги исклучуваат автомобилите преку ноќ бидејќи не би можеле да ги запалат наутро.

Јакутск има околу 355.000 жители, а луѓето главно се занимаваат со сточарство и риболов.

Ројтерс во својот минатогодишен извештај ги праша жителите на овој град како се справуваат со студот.

Многумина одговориле дека дури и не чувствуваат дека е толку студено затоа што нивниот мозок едноставно се подготвува за тоа.

Loading...

Ниските температури за нив се нормални, велат, бидејќи се навикнати одамна.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Макрон: Одлуката на Бајден е добра, Русија е единствената што носи ескалирачки одлуки овде

Во градот кој се наоѓа на приближно 450 километри јужно од Арктичкиот круг, земјата е студена дури и во лето, кога температурите можат да достигнат 30 степени или повеќе.

Сепак, земјата никогаш не се одмрзнува.

Интересно е и тоа што во текот на летото во Јакутск има многу комарци поради тоа што лежи на реката Лена.

 

https://youtu.be/Fz4ZMLsPzqM