Јадел живо месо и пиел вотка: Канибал од Русија доби доживотен затвор (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Руски канибал е осуден на доживотен затвор откако убил три лица, а потоа го изел нивното месо и сето тоа го полил со шише вотка.

Loading...

Владимир Јадне (32) за една ноќ убил двајца мажи и една жена во сибирското село Газ-Сале, пренесува Дејли Мејл.

Според извештаите, тој не го варел месото, туку го јадел сурово.

Овој инцидент се случил на 6 март.

 

 

Полицијата ги пронашла посмртните останки на третата жртва на локација различна од онаа каде што биле пронајдени мажот и жената.

Loading...

Јадне бил уапсен неколку часа подоцна и веднаш ги признал трите убиства, според извештаите.

Тој извршил и реконструкција на злосторството, покажувајќи како со нож ги убива своите жртви, што го снимила полицијата.

Психијатриските тестови направени врз убиецот утврдиле дека тој бил нормален кога ги извршил убиствата и актите на канибализам, велат извори од органите на редот.

На убиецот му беше наредено да отслужи доживотна затворска казна во затворкса колонија со високо обезбедување.