Ја тужел сопругата затоа што не ја препознал без шминка

Сподели со своите пријатели

Можеби ќе ви ги срушиме соништата, но жените понекогаш не изгледаат исто со шминка и без неа. Имено, еден младоженец изгледа не бил запознаем со добро познатата „тајна“ на козметиката, и тоа е причината поради која ја тужи својата сопруга која прв пат ја видел без шминка.

Loading...

Утрото по нивната венчавка која се одржала во Алжир, мажот се разбудил и останал во шок кога ја видем својата сопруга без шминка.

Имено, кога се разбудилбил убеден дека тоа не е неговата сопруга и ја оптужил дека е провалник, се додека конечно на сфатил дека е тоа жената со која се венчал претходниот ден.

Сега тој ја тужи за превара и нанесена душевна болка. Како што пренесуваат „Емирати 247“ тој бара оштета во вредност од 20 000 долари.

  • Рече дека изгледала како убавица пред бракот, но кога се разбудил ден по свадбата и ја видел без шминка бил преплашен, затоа што мислел дека е во прашање провалник – наведува извор за локалните алжирски медиуми.

Сега само останува да се запрашаме дали навистина е можна толку голема трансформација на ликот со и без шминка?


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.