Ја нападнала медицинската сестра поради облеката: „Премногу си секси за да прегледуваш пациенти“ (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

За неа велат дека е „најсекси медицинска сестра“, а зад овој ласкав епитет се крие нималку пријатна приказна.

Loading...

Корисничка на „Тикток“ по име Џордан им кажа на следбениците на оваа мрежа како доживеала понижување во болницата поради нејзиниот изглед.

Кога го извршила последниот преглед на пациентот кој наскоро требало да биде отпуштен од болница, доживеала непријатност од неговата сопруга која ја нападнала затоа што ја „сексуализирала“ униформата на медицинската сестра.

Тој ден, Џордан носела светло – црвена униформа, која, мора да се признае, е малку потесна од вообичаеното одело за сестрите, но секако е „затворена“.

Сепак, на жената на нејзиниот пациент тоа не ѝ се допаднало.

Таа ѝ рекла дека панталоните и се „премногу тесни“ и дека треба да бидат „пошироки“. И не застанало тука. Таа додала дека таквото облекување е причината поради која пациентите имаат сексуални фантазии за медицински сестри.

Нејзиното видео, кое го прегледаа 3,6 милиони луѓе, стана вирално на интернет и предизвика неколку коментари.

„Имав пациент кој требаше да биде отпуштен и требаше само да ги проверам неговите витални знаци пред отпуштањето. Неговата сопруга беше во собата и ме гледаше. Носев униформа во „џогинг” стилот, која е малку потесна од „обичната“ и каква отсекогаш имав. Неговата сопруга беше во собата, таа само ме погледна и ми рече: „Па, тие панталони се многу интересни“, рече Џордан во видеото, додавајќи:

Loading...

„Тие беа светло црвени, па реков: „О, да, тоа е многу светла боја, ми се допаѓа“, а таа ме погледна и рече: „Не зборувам за бојата“. Бев збунета и, да бидам искрена, не бев целосно свесна за што се работи, а таа ми рече: „Малку се тесни, не мислиш? Зарем панталоните не треба да бидат широки?“ Сестрата продолжува раскажувајќи го овој настан.

 

@jordannnagelrnlike if you wear joggers ##fyp ##nurse ##rn ##pct ##cna ##hospital ##figs ##scrubs ##karens ##joggers ##nursing

♬ original sound – jordann

 

„Ја погледнав и реков: „Ова е она што го претпочитам и многу од медицинските сестри и техничарите со кои работам честопати го носат”, на што таа одговори дека моите панталони се причината поради која сестрите се сексуализираат на работа. Ја погледнав и реков: „Па, искрено, никогаш не сум се чувствувала сексуализирано во работната облека“,ја спуштила Џордан, но приказната не завршила тука.

Госпоѓата инсистирала на тоа дека облеката е несоодветна.

„Потоа ми рече дека ако не сакам пациентите да ме сексуализираат, треба да носам поопуштени или широки панталони. Јас и реков: „Да, бидејќи проблемот е во мојата облека, а не во вашиот изопачен сопруг“.

Илјадници луѓе што ја гледаа оваа снимка се приклучија на дискусијата, а многумина беа револтирани од однесувањето на жената.

Loading...

„Смелоста да се има такво мислење за здравствените работници што ви помагаат е нешто што не можам да го разберам“, напиша еден корисник на оваа мрежа, додека друг додаде:

„Таа нема да му го каже истото на машки болничар“.

Дискусијата се разгоре, па едни посочија дека сите медицински сестри треба да носат униформа што им одговара, а други направија споредба со другите професии:

„Значи, зошто другите професии се облекуваат убаво и ја прават фризурата и шминката, и никој не ги осудува… Но, кога медицинските сестри го прават тоа, погрешно е“.