Пред неколку месеци на социјалната мрежа ТикТок беше објавено видео на кое се гледаат двајца израелски војници во булдожер како демолираат остатоци од куќа во Појасот Газа додека испраќаат поздрави до израелскиот пејач Ејал Голан.
„Те сакаме“, вели еден од војниците, „ние сме во Кан Јунис и поради радоста што ни ја носиш, ти ја посветуваме оваа куќа.“
По 7 октомври, Ејал Голан изјави дека целиот Појас Газа мора да биде срамнет со земја и дека таму повеќе не треба да живее ниту еден човек.
Ова видео на кое се прикажуваат војници кои слават додека уриваат куќи, го спомена и Јужноафриканската Република во тужбата против Израел пред Меѓународниот суд на правдата.
Јужна Африка го обвинува Израел за геноцид, што Израел цврсто го отфрла, пишува Дојче веле.
Видеата предизвикуваат огромна штета на сликата
Израелските корисници делумно ги слават ваквите објави на социјалните мрежи.
Но, ваквите видеа станаа голем проблем за имиџот на Израел, кој тврди дека ја има најморалната војска во светот.
На едно од видеата може да се види оган и чад, додека еден човек на хебрејски вели: „Ох, Газа гори, живи изгорете, кучкини синови“.
На друго видео, војник пребарува на напуштен стан и наоѓа женска долна облека.
„Отсекогаш сум велел дека арапските жени се најголемите курви“, вели тој.
Други видеа покажуваат можен грабеж од израелски војници.
Има и видеа на кои се гледа како израелски војници палат куќи.
Israeli soldiers published this footage as they were mocking the destruction of a house in Gaza after expelling its inhabitants. pic.twitter.com/CDcBpnyIbE
— Dr. Zain Abbadi (@ZainAbbadi11) January 31, 2024
„Војната против идејата за палестинска нација“
Палестинскиот новинар Јунис Тирави со месеци собира видеа и вели дека ги проверил и ги анализирал профилите на стотици израелски војници на социјалните мрежи.
Заклучок на Тирави: Видеата покажуваат дека ова не е војна против Хамас.
„Тоа е војна против идејата за палестинска нација и нашето постоење“, тврди тој.
А приказната вели дека израелски војник се снимал како разнесува згради северно од градот Газа и вика: „За да немаат каде да се вратат!“
На 7 октомври Хамас и групата Исламски џихад извршија крвави терористички напади врз Израел.
Во нападите беа убиени 1.200 луѓе, а стотици луѓе беа киднапирани.
Емануел Фабијан, дописник на израелскиот весник Тајмс оф Израел, вели дека, со оглед на настаните од 7 октомври, оваа војна е многу емотивна.
Тој смета дека поради ова кај некои војници дефинитивно може да има желба за одмазда и дека тоа може да биде проблем.
Тој самиот патувал неколку пати со израелските војници во Појасот Газа од почетокот на војната.
Тој објави дека редовните припадници на армијата обично мораат да ги предадат своите мобилни телефони, но дека армијата е помалку строга кон резервистите.
Фабијан вели дека пред оваа војна израелската армија ги казнувала војниците кои објавувале видеа, но сега е премногу фокусирана на борба, а помалку на дисциплина.
Освен тоа, на армијата и се потребни многу од овие војници и не може сите масовно да ги казни, предупредува израелскиот новинар.
Jerusalem |
Israeli forces publicly dragging a group of Palestinian detainees in Isaawiyah neighborhood in a humiliating way pic.twitter.com/OvJkF1i9H7
— Younis Tirawi | يونس (@ytirawi) March 11, 2024
Понижувачки фотографии како порака до Хамас?
Но, се чини дека има и воени команданти кои одобруваат дел од снимките. Во декември се појавија фотографии и видеа од Палестинци со лисици на рацете во северниот дел на Појасот Газа.
Носеа само долна облека и беа со врзани очи. Воениот дописник Фабијан се сомнева дека снимките ги објавиле воени команданти од среден ранг.
Тие сакаа да испратат порака до Хамас: „Видете, ние го заробивме вашиот народ. На понижувачки начин“.
Во многу случаи, вели Фабијан, мажите воопшто не биле борци за Хамас или за која било друга терористичка група.
📹 Similar footage was shared by the Israeli army, showing the demolition of a neighbourhood in Khan Younis. pic.twitter.com/OkPOiGs8vM
— Mīkāʾīl (@Grey0973) January 17, 2024
Поттикнување од страна на десничарските екстремисти од власта
Само неколку израелски новинари, поранешни војници и научници се согласија да ги коментираат видеата за германскиот јавен сервис АРД.
Сепак, Јаир Голан се согласи на интервјуто. Тој е поранешен заменик началник на генералштабот на израелската армија, а денес е политичар и надеж на израелската политичка левица.
Голан вели дека разбира зошто ретко кој сака да зборува критички за снимките на војниците, но предупредува:
„Ако сакаме подобро да се справиме со сегашната криза, мора да го преориентираме нашиот морален компас“.
Тој истакнува дека се срами од тие видеа и дека нивното влијание врз угледот на Израел е страшно.
Голан е убеден дека само мал дел од војниците во Појасот Газа се однесуваат неморално и дека се поттикнати од делумно десничарската екстремистичка влада на Израел.
„Да претпоставиме дека војникот има екстремни идеи. Ако има јасна порака дека неговото однесување не е прифатило, тогаш ќе мора да ги следи правилата на армијата“.
Но, овие војници моментално добиваат поддршка од екстремните делови на општеството, објаснува тој, додавајќи: „И тогаш тој војник мисли дека е во ред да оди во војна за да се одмазди“.
Армијата тврди дека се работи за изолирани случаи
Израелската армија во соопштение напиша дека видеата се изолирани случаи кои отстапуваат од наредбите и вредностите на израелската армија.
Забележано е дека резервистите биле суспендирани во неколку случаи.
„Израелската армија ги истражува ваквите инциденти и на нив одговара со командни и дисциплински мерки“, велат од израелската армија, додавајќи: „Ако постои сомневање дека имало кривично дело, воената полиција ќе спроведе истрага“.
Палестинскиот новинар Јунис Тирави не верува дека овие снимки се изолирани случаи и се сомнева дека армијата е навистина сериозна.
Бидејќи како што вели, во последните неколку недели се објавени уште повеќе видеа од претходните месеци.