Израелските војници ги малтретираат Палестинците на окупираниот Западен Брег

Сподели со своите пријатели

Десетици фотографии и видеа кои кружат на социјалните мрежи покажуваат дека војниците на израелските одбранбени сили (ИДФ) ги малтретираат и понижуваат Палестинците што ги апсат на окупираниот Западен Брег, често со лисици или со врзани очи.

Loading...

Како што пишува „Тајмс оф Израел“, во едно од најбруталните видеа, војниците на ИДФ се снимиле себеси како злоставуваат седум работници од окупираниот Западен Брег, на кои им била делумно или целосно соблечена облеката.

Палестинците се со врзани очи и лисици, врескаат од болка, а еден од нив го влечат по земја војниците на ИДФ.

Друго видео покажува како војник на ИДФ удира Палестинец во стомакот, а потоа го плука и пцуе на арапски, додека на друго видео се гледа како резервист гушка Палестинец со врзани очи и лисици на рацете и танцува во круг со него додека пушта религиозна музика на неговиот телефон.

Тој го прашува: „Зошто не танцуваш“, додека Палестинецот со врзани очи губи рамнотежа.

Друга кратка снимка покажува палестински затвореник со врзани очи, принуден да седи на земја со нозете покриени со израелско знаме.

„Однесувањето на војниците видено на овие видеа е сериозно и не е во согласност со вредностите на ИДФ.  Истрагата за инцидентите е во тек. Командантите на ИДФ ќе разговараат со војниците на фронтот, а еден војник е отпуштен од резервната служба“, рече ИДФ како одговор на овие видеа.

Доселениците на окупираниот Западен Брег запалија празна палестинска куќа во селото Масафер Јата и фрлаа камења врз куќите таму и блиското село Туба, пренесува Танјуг.

Loading...