Израелскиот претседател ќе побара од Нетанјаху да формира нова влада

Сподели со своите пријатели

Израелскиот претседател Исак Херцог ќе побара од Бенјамин Нетанјаху да формира нова влада во недела, соопштија од кабинетот на претседателот.

Loading...

Најавата дојде откако претседателот во петокот ги заврши политичките консултации со избраните фракции, во кои 64 членови на 120-члениот парламент на Израел препорачаа Нетанјаху да формира нова коалиција, се вели во соопштението, пренесува Ројтерс.

Партијата Ликуд на поранешниот премиер Бенјамин Нетанјаху го освои првото место на минатонеделните избори, ставајќи крај на невидениот ќорсокак во Израел по пет избори за помалку од четири години.

Партијата на Нетанјаху најверојатно ќе ги здружи силите со екстремно десничарските и верските партии за да постигне стабилно парламентарно мнозинство.

На израелскиот премиер со најдолг стаж, Нетанјаху, му се суди по обвинение за корупција, што тој ги негира.