Израелската војска ги зголемува силите на Западниот брег

Сподели со своите пријатели

Израелската армија денеска соопшти дека ги зголемила воените сили на окупираниот Западен Брег.

Loading...

„Врз основа на проценката на состојбата на израелските одбранбени сили (ИДФ), беше одлучено да се засили дивизијата во Јудеја и Самарија на Западниот Брег со дополнителен баталјон“, соопшти армијата.

Во синоќешниот терористички напад на синагогата во населбата Неве Јаков во Ерусалим загинаа седум лица, 10 беа повредени, а напаѓачот беше 21-годишниот Палестинец од источен Ерусалим, Алкам Каири.