Израелската армија уби Палестинец за време на рација на Западниот Брег

Сподели со своите пријатели

Израелската армија рано утрово уби Палестинец за време на рација на окупираниот Западен Брег, соопшти палестинското Министерство за здравство, пренесе АП.

Loading...

Израелската армија, која од минатата година спроведува ноќешни рации, објави дека војниците кои биле во кампот Каландија во Избели биле гаѓани со камења и бетонски блокови од покривите, па на нападот одговориле со пукање.

Палестинското министерство додаде дека е убиен маж, Самир Аслан, на возраст од 41 година.

Тој беше убиен еден ден откако двајца Палестинци беа убиени во одделни инциденти на Западниот Брег во средата – едниот за време на израелска рација на северот, а другиот откако Израелец беше избоден со нож во јужна населба.