Израелската армија уби двајца Палестинци на Западниот Брег

Сподели со своите пријатели

Двајца Палестинци загинаа доцна во четвртокот откако беа застрелани од израелската армија за време на рациите на Западниот Брег, соопштија палестинските здравствени власти, пренесе Анадолија.

Loading...

Двајца мажи на возраст од 18 и 25 години биле тешко ранети и им подлегнале на повредите во болница, соопшти палестинското Министерство за здравство.

Тројца Палестинци беа ранети за време на рациите на израелските сили.

Од почетокот на годината израелските сили убиле девет Палестинци, меѓу кои и тројца малолетници.

Израелската армија спроведува рации и упади

Израелските сили, кои често вршат рации на окупираниот Западен Брег и Источен Ал Кудс (Источен Ерусалим), апсат Палестинци под различни обвиненија.

Израелската армија спроведува рации и упади низ окупираниот Западен Брег со цел да ги приведе, како што велат, „барани Палестинци“ или да ги урне домовите на Палестинците.

Упадите предизвикуваат судири со Палестинците.