Израел нема да биде пат за заобиколување на санкциите наметнати од САД и другите западни земји кон Русија, изјави министерот за надворешни работи Јаир Лапид за време на посетата на Словачка во понеделникот.
Едно лице загина откако во Киев паднаа остатоци од соборена руска ракета (ФОТО)
„Министерството за надворешни работи го координира ова прашање заедно со партнерите, вклучително израелската народна банка, Министерството за финансии, Министерството за економија, аеродромите, Министерството за енергетика и други“, рече Лапид по средбата со словачкиот министер за надворешни работи Иван Корцок.
Иако Израел, близок сојузник на САД, ја осуди руската инвазија и изрази солидарност со Киев испраќајќи му хуманитарна помош, тој исто така рече дека ќе продолжи да комуницира со Москва со надеж дека ќе помогне во ублажувањето на кризата.