Израел: Татко и син уапсени поради шпионирање за иранската Револуционерна гарда

Сподели со своите пријатели

Двајца членови на верската заедница Друзи од селото Масада во Голанската висорамнина, Тарир и Басем Сафади, беа уапсени под сомнение дека шпионирале за иранскиот корпус на револуционерната гарда (ИРГЦ) и неговите сили Кудс.

Loading...

Таткото и синот, наводно, собрале информации за активностите на израелската армија во областа, кои потоа му ги пренеле на Хусам Ас Салам Тафик Зидан, ирански новинар кој работел за новинската мрежа Ал Алам, која е поврзана со силите Кудс, објави „Тајмс оф Израел“.

Тарир и Басем извршуваа различни задачи под инструкции на нивниот Зидан, вклучувајќи фотографирање војници, тенкови и опрема.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Можен прекин на огнот во Газа

Тарир Сафади денеска беше обвинет за „тешки шпионски злосторства“, додека неговиот татко Басем ќе биде приведен поради „недостиг на алтернативна кривична постапка и висок ризик за националната безбедност и јавниот мир“, објави Шин Бет.

„Шин Бет“ и полицијата додаваат дека „случајот и секој друг контакт на Израелците со ирански елементи го сметаат за сериозен“, пренесува Танјуг.