Израел продолжува да посредува меѓу Киев и Москва

Сподели со своите пријатели

Израелскиот премиер тврди дека, иако е постигнат напредок во разговорите за прекин на огнот меѓу Русија и Украина, сепак има многу големи празнини меѓу двете страни.

Loading...

Нафтали Бенет, кој делуваше како посредник меѓу двете земји во последните недели, на прес-конференција во понеделникот рече дека Израел „ќе продолжи – заедно со другите пријатели ширум светот – да се обидува да го премости јазот и да стави крај на оваа војна“.

Израел има добри односи и со Украина и со Русија и дејствува како посредник меѓу двете страни откако Русија започна инвазија на Украина кон крајот на февруари.

 

 

Ембаргото на руската нафта би имало големо влијание на европскиот пазар

 

Бенет имаше телефонски разговори со двајцата лидери во последните недели и отпатува со авион во Москва овој месец за да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин.

Loading...

Бенет понуди да биде домаќин на мировен самит во Ерусалим.

– Има уште долг пат да се помине, бидејќи, како што нагласив, има бројни контроверзни теми, од кои некои се од суштинско значење – изјави премиерот Једиот Ахронот за весникот, пренесува АП.