Израел понуди посредство меѓу Русија и Украина

Сподели со своите пријатели

Израелскиот премиер Нафтали Бенет понуди израелски посреднички услуги во разговорите со рускиот претседател Владимир Путин со цел да се запрат непријателствата во Украина, објави Кремљ.

Loading...

Путин рече дека руската делегација е во Гомел, Белорусија и дека е подготвена за преговори со Киев, но дека Украина покажува недоследност бидејќи се уште не ја искористила таа можност, пренесе Интерфакс.

Рускиот претседател го информирал Бенет за текот на специјалната воена операција во Украина.

Двете страни се согласија да продолжат билатералните контакти на различни нивоа.

Телефонскиот разговор бил инициран од израелска страна.