Израел очекува дека Иран ќе се обиде да се одмазди за убиството на високиот ирански воен командант убиен во неделата во Техеран со напад на Израелци во странство и ќе препорача да не се патува во некои земји кои граничат со Исламската Република, објавија израелските медиуми.
Израелските власти изразија гнев поради извештајот на Њујорк Тајмс, кој се повикува на американски извори, дека Израел е одговорен за убиството на иранскиот полковник Хасан Сајад Ходаи.
Романија го враќа МИГ-21 во употреба поради војната во Украина
Тие го опишаа како нарушување на довербата меѓу двата сојузници, кои тесно соработуваат на полето на безбедноста и разузнавањето, и предупредија дека Израелците би можеле да бидат цел на иранска одмазда.
„Њујорк тајмс“ објави дека Израел ја информирал администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден за неговата операција во Иран во која загина полковник.
Тој бил убиен од двајца непознати напаѓачи на мотор додека седел во автомобил пред неговата куќа.
Романија го враќа МИГ-21 во употреба поради војната во Украина
Израелските власти сметаат дека информациите што ги објави Њујорк тајмс потекнуваат од противниците на израелските акции против Иран во американската администрација, бидејќи се загрижени дека тие можат да ги оштетат преговорите за враќање на иранскиот нуклеарен договор со големите сили од 2015 година.
Израел не ја презеде одговорноста за атентатот на Ходаи со цел да ги намали амбициите на Техеран да се одмазди за неговата смрт со напад на израелски цели.
Според израелските власти, Ходаи бил заменик командант на единицата 840, која планирала прекугранични напади врз странци, вклучително и Израелци.
ЕУ размислува за изградба на морскиот гасовод Шпанија-Италија
Тој, наводно, бил задолжен за операциите на единицата на Блискиот Исток и соседен Иран и бил вклучен во терористички напади врз Израелци, Европејци и американски цивили и владини претставници во Колумбија, Кенија, Етиопија, Обединетите Арапски Емирати и Кипар во последните две години.
Иран никогаш не го потврди постоењето на единицата 840.