ЕУ размислува за изградба на морскиот гасовод Шпанија-Италија

Сподели со своите пријатели

Европската комисија (ЕК) ја анализира можноста за изградба на морски гасовод што би го поврзал Пиринејскиот Полуостров со Италија, пишува весникот „Ел Паис“.

Loading...

Поврзувањето на Италија со Шпанија би било значајно, имајќи предвид дека Шпанија има најголем капацитет за регасификација на течен природен гас (LNG) во Европската унија.

Во Шпанија работат шест фабрики за регасификација, се вели во извештај на шпанскиот весник, пренесува Раша тудеј.

Поврзувањето на Шпанија со гасоводи со поголемиот дел од остатокот од ЕУ е ограничено поради високиот планински венец на Пиринеите, кои ја формираат границата меѓу Шпанија и Франција.

Според Ел Паис, гасоводот меѓу Барселона и Ливорно во Италија, долг 700 километри, е прикажан на една од патоказите во програмата за енергетска транзиција „REPowerEU“.

 

Русија и Кина ставија вето за новите санкции кон Северна Кореја

 

Loading...

Изградбата се очекува да трае една до две години и ќе бара инвестиција од 2,5 до 3,0 милијарди евра (3,2 милијарди долари).

Гасоводот би можел да доставува гас за Италија и земјите од Централна и Северна Европа, се додава во текстот.

Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави претходно оваа недела во интервју за CNBC дека Шпанија и јужна Европа заедно можат да и помогнат на ЕУ да ја намали својата енергетска зависност од Русија.

Тој напомена дека Шпанија учествува со 37 отсто во вкупните капацитети на ЕУ за регасификација.

Русија е најголемиот снабдувач на гас за европските земји. Податоците на ЕК покажуваат дека Европската унија од вкупните увезени количества енергија од Русија добивала 40 отсто гас, 27 отсто нафта и 46 отсто јаглен.

Членките на ЕУ се согласија да престанат да купуваат руски јаглен, но не успеаја да постигнат консензус за предлогот за забрана на увозот на руска нафта.

Тие се поделени и околу снабдувањето со руски гас, кое тешко се заменува.