По два брана израелски напади врз Иран и една одмазда од таа земја, ИДФ објави мапа на досегашните напади со беспилотни летала.
Израелските воздухопловни сили продолжуваат со нападите врз Иран, изјави портпаролот на ИДФ, бригаден генерал Ефи Дефрин, на прес-конференција.
„Во овој момент, ИДФ продолжува да го спроведува планот за напад за да ги постигне целите на операцијата, со силната одбрана на Израел“, рече тој, според „Тајмс оф Израел“.
На прашањето колку дена Израел очекува активност со балистички ракети од Иран, Дефрин одговори: „Операцијата штотуку започнува“, додавајќи дека војската ги следи плановите на Иран и „се подготвува за ирански одговор“.
Во меѓувреме, сателитските снимки наводно покажуваат значителна штета во нуклеарниот објект Натанц.
אילוסטרציה של תקיפות צה״ל באיראן עד כה pic.twitter.com/QPpjx3atxN
— צבא ההגנה לישראל (@idfonline) June 13, 2025