Израел: Објавени имињата на 33 заложници кои треба да бидат ослободени во првата фаза

Сподели со своите пријатели

Израелските власти објавија список со имињата на 33 заложници кои треба да бидат ослободени во првата фаза од договорот за прекин на огнот во Газа меѓу Израел и милитантите на Хамас, пишува „Тајмс оф Израел“.

Loading...

Списокот не е по редослед на ослободување и не е прецизирана во каква состојба се заложниците, а властите во Тел Авив веруваат дека повеќето од 33-ца се живи, пренесува порталот.

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рано утринава потврди дека преговарачките тимови на Израел и Хамас во Доха потпишале договор за прекин на огнот и ослободување на заложниците.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Израелски министер бара од војската план за идејата на Трамп за раселување на Газа

Првата фаза од договорот, која трае шест недели, вклучува постепено повлекување на израелските сили од Газа, како и ослободување на 33 Израелци, меѓу кои жени, деца и мажи постари од 50 години, како и двајца Американци – Кит Сигел и Саигуи Дикел Чин.

Преговорите за втората фаза од договорот ќе започнат 16 дена по почетокот на првата фаза, а таа фаза најверојатно ќе вклучи ослободување на сите преостанати израелски заложници кои ги држеше палестинската милитантна група Хамас, траен прекин на огнот и целосно повлекување на Израелски војници од Газа, во замена за ослободување на повеќе од 1.000 палестински затвореници.

Третата фаза ќе вклучува враќање на сите преостанати тела и почеток на реконструкција на Газа под надзор на Египет, Катар и Обединетите нации.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Иран го отфрла планот на Трамп за присилно раселување на Палестинците