Израел лансираше нова верзија на шпионскиот сателит Офек

Сподели со своите пријатели

Израел денеска лансираше нова верзија на својот шпионски сателит Офек и рече дека ќе го подобри висококвалитетното надгледување на военото разузнавање, пренесува Ројтерс.

Loading...

Ofek-13, произведен од Israel Aerospace Industries (IAI), е последниот во серијата домашни сателити кои првпат беа лансирани во 1988 година.

Беше лансиран со ракета Шавит над Средоземното Море, траекторија на запад што Израел обично ја избира како мерка на претпазливост за да ги држи чувствителните технологии подалеку од рацете на непријателските соседи на Блискиот Исток во случај на дефект, наведува британската агенција.

„Ofek-13 е најнапредниот во својата класа, со уникатни способности за радарско набљудување и ќе овозможи собирање разузнавачки податоци во сите временски услови и при намалена видливост“, рече извршниот директор на IAI, Боаз Леви.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Земјотрес од 6,3 степени ја погоди Јапонија

Израелските власти ги подобруваат надзорните капацитети за следење на активностите на непријателите како Иран, земја која Тел Авив ја смета за голема закана, пренесува Танјуг.