Израел изврши воздушни напади во источен Либан (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Либанските медиуми објавија дека израелските сили извршиле воздушни напади во источната долина Бека, објавува „Тајмс оф Израел“.

Според израелските медиуми, Израелските одбранбени сили (ИДФ) досега не дале соопштение во врска со овие напади.

Последниот израелски напад врз Либан се случи минатата недела, кога израелските авиони извршија воздушни напади во источен Либан, особено во регионите Бека и Хермел, според Ал Џезира.

Нападите биле насочени кон складишта за муниција и воени објекти што ги користи Хезболах, а според извештаите од либанското Министерство за здравство, најмалку пет лица биле убиени, а неколку биле повредени.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Катар свикува самит на исламските земји по израелскиот напад