Израел изнесува одбрана за обвинувањата дека извршил геноцид

Сподели со своите пријатели

Израел денеска ќе одговори на обвинувањата на Јужна Африка пред Меѓународниот суд на правдата (МСП) во Хаг дека воената операција на Израел во Појасот Газа претставува наводен геноцид.

Loading...

Јужна Африка, која го поднесе случајот до МСП во декември, побара од судиите во четвртокот да му наредат на Израел веднаш да ја прекине својата офанзива во Појасот Газа.

На отворањето на рочиштето пред МСП, Јужна Африка изјави дека Израел го подложува палестинскиот народ на апартхејд и геноцид во врска со тужбата на земјата против Израел за наводниот геноцид во Појасот Газа.

Јужна Африка тврди дека Израел го прекршил членот 2 од Конвенцијата на Обединетите нации за геноцид од 1948 година, со тоа што извршил дела кои спаѓаат во дефиницијата за геноцид, објави Ројтерс.

Активностите на Израел покажуваат шема на систематско однесување од кое може да се заклучи дека се работи за геноцид, рече адвокатката на јужноафриканскиот Висок суд Адила Хасим.

Израел го нарече целиот случај „апсурден“ и ја обвини Јужна Африка дека ја игра улогата на „ѓаволски застапник“ на Хамас.

Портпаролот на израелската влада Ајлон Леви пред сослушувањето изјави дека Израел „останува посветен на меѓународното право“ и нагласи дека сите воени дејства се насочени против Хамас.

Се очекува ЦУРМ да донесе одлука за можни итни мерки кон крајот на овој месец.

Loading...

Судот за неколку години ќе донесе одлука за обвинувањата за геноцид.

Одлуките на МСП се конечни и без право на жалба, но судот нема начин да ги спроведе.

Јужна Африка и Израел се потписници на Конвенцијата на Обединетите нации за геноцид, која ги обврзува потписниците да не вршат геноцид и исто така да го спречат и казнуваат.

Конвенцијата го дефинира геноцидот како „акти извршени со намера да се уништи, целосно или делумно, национална, етничка, расна или религиозна група“.

Во своите судски поднесоци, Јужна Африка наведува дека Израел не обезбедил непречена испорака на храна, вода, лекови и друга суштинска хуманитарна помош во палестинската енклава.