Израел го нападна јужен Либан: Одекнуваат експлозии, најмалку седум мртви

Сподели со своите пријатели

Најмалку седум лица загинаа денеска во израелски воздушен напад врз градот Набатиех во јужен Либан, изјавија безбедносни извори за Ројтерс.

Loading...

Се претпоставува дека цел на нападот биле засолништата на исламистите во селото Хебариех, пренесува Ројтерс.

Во вторникот, тројца милитанти на Хезболах беа убиени во израелски воздушен напад во близина на два града во североисточниот дел на Либан, објави групата на платформата Телеграм.

Израел го потврди нападот.