Израел го нападна Иран, погодени нуклеарни и ракетни постројки, убиени водечки воени функционери

Loading...
Сподели со своите пријатели

Израел рано утрово го нападна главниот град на Иран во напади насочени кон нуклеарната програма на земјата, во кои загинаа најмалку двајца високи воени офицери.

Беа погодени бројни локации низ целата земја, вклучувајќи го и главниот објект за збогатување ураниум во Иран, каде што можеше да се види како чад се издига во воздухот.

Иранската телевизија потврди дека е убиен лидерот на паравоената Револуционерна гарда на Иран, генерал Хосеин Салами.

Исто така, беше потврдено дека е убиен и шефот на иранските вооружени сили, генерал Мохамед Багери, како што потврди иранската државна телевизија. Се верува дека загинале и други високи ирански воени функционери и научници.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека израелската операција против Иран „ќе трае онолку дена колку што е потребно“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Цените на нафтата „експлодираа“ откако Израел го нападна Иран

„Пред неколку моменти, Израел ја започна операцијата „Рајзинг лав“, целна воена операција за сузбивање на иранската закана за самото постоење на Израел. Оваа операција ќе трае онолку долго колку што е потребно за да се отстрани таа закана“, рече Нетанјаху во видео изјава.

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека Израел презел „еднострани дејствија против Иран“ и им соопштил на САД дека верува оти нападите се непотребни за нивна самоодбрана.

„Ние не сме вклучени во напади против Иран и наш главен приоритет е заштитата на американските сили во регионот“, рече Рубио во соопштението издадено од Белата куќа.

Loading...

Вечерашниот напад отвора можност за тотална војна меѓу двата големи блискоисточни противници.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Македонското МНР со апел: Избегнувајте патувања во Израел и Иран

Агенцијата АП проценува дека ова е најзначајниот напад со кој се соочил Иран од војната со Ирак во 1980-тите.

Израелските напади беа извршени во врвот на тензиите околу нуклеарната програма на Иран.

Израелски воен претставник изјави дека Израел напаѓа десетици нуклеарни и воени цели и дека Иран има доволно материјал за да изгради 15 нуклеарни бомби во рок од неколку дена.

Министерот за одбрана на Израел изјави дека Израел извршил „превентивен напад“ против Иран и прогласил вонредна состојба.

Во Вашингтон, администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, која го предупреди Израел да не напаѓа додека се водат преговори со Иран за неговата нуклеарна програма и збогатување на ураниум, објави дека не е вклучена во нападот и рече дека не смее да има никаква одмазда против американските интереси и персонал.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мохамед Багери, командантот на иранската армија, кој беше убиен од Израел

Сепак, веројатно е дека САД се сомневале дека е на повидок напад, бидејќи Вашингтон во среда повлече некои американски дипломати од ирачката престолнина и понуди доброволна евакуација на некои од семејствата на американските војници на поширокиот Блиски Исток, пишува АП.

Врховниот лидер на Иран, Хамнеи, издаде соопштение објавено од државната новинска агенција Ирна.

Loading...

„Иран ја крена својата зла и крвава рака на криминалот против нашата сакана земја, откривајќи ја својата злокобна природа повеќе од кога било со таргетирање на станбени населби“, рече Хамнеи.

Меѓународната агенција за атомска енергија потврди дека објектот за збогатување на ураниум во Натанз бил погоден во израелскиот напад и рече дека внимателно ги следи нивоата на зрачење.